Четири грешки при штедење за пензија кои Ви пречат да се пензионирате како милионери

2911 Views Февруари 11, 2017 Беспарица Камелија Делија

Универзално верување е дека работите кои сериозно го поткопуваат нашиот пат кон нормален живот по пензионирањето, се надвор од нашето влијание. 

Колапс на берзата, лоши инвестициски совети од финансиски специјалисти, лош пензиски систем и сл, се меѓу најчесто споменуваните проблеми за добивање на нормален приход по пензионирањето. 

Но вистината е друга. 

Главните грешки кои ги дозволуваме, зависат целосно од нас. 

Еве четири грешки кај процесот на пензионирање кои можат да ве чинат скапо:

1.Не штедете доволно

Пензионирањето ни изгледа како нешто далечно, кога сме млади, и затоа малку луѓе штедат доволно за својата старост. Истражувањета покажуваат дека две третини од луѓето во предпензиската возраст изразуваат жалење што не заштедиле повеќе.

Недоволната заштеда, додека сте во периодот меѓу 25 и 45 години, може да доведе до тоа да не можете да дојдете до саканиот стандард на живот, откако ќе се пензионирате.

Еве на пример што е разликата во тоа да распределувате по 100 и 200 денари месечно по навршувањето на 30-годишна возраст (и среден годишен поврат од 8% годишно).

Во првиот случај ќе достигнете износ од 1 милион денари средства на 83 години, а во вториот на 74-годишна возраст. За оние на кои принос од 8% годишно им изгледа премногу ќе кажеме само дека во последните 50 години воден од Ворен Бафет инвестициски фонд носел просечен годишен принос од 19,7%.

За истиот период просечната поврат на широкиот американски индекс S & P 500 е во износ од од 9,8% (со вклучување на дивидендите). 

2. Започнуваме подоцна 

Друг главен проблем е времето кога почнуваме да штедиме за пензија. Како што веќе неколкупати сме пишувале, времето е критично за пензионирање, бидејќи колку порано почнеме, толку подолго време нашите пари ќе работат за нас.

На пример, ако 25-годишен заштедува по 200 денари месечно, при просечен годишен поврат од 8%, тој ќе располага со сума во износ од еден милион денари на речиси 65 години. Забавување со 10 години во моментов за почеток на заштеди ја зголемува значително возраста до која ќе ја псотигнете сканата цел - поточно на 80 години. 

3. Погрешни проценки за ефектот на трошоците при инвестициите 

Исклучително важна компонента, кој треба да се почитува при избор на пензиски фонд или брокер, се трошоците и провизиите кои се задржуваат. Причина - со времето овие средства се мултиплицираат и сериозно може да влијае на резултатите.

На пример, ако почнеме да распределуваме по 200 денари на месец на 25-годишна возраст во пензиски фонд со расход од 1,5%, тоа ќе достигнете сума од 1 милион денари на 77 години.

При инвестиции во фонд со 0,5% годишна такса и истата норма, посакуваната сума ќе ја постигнеме со речиси пет години порано - на 72 години. 

4. Не ја разбираме критичност на повратот на пари 

Сите напори и лишувања (во форма на неизвршена потрошувачка) поврзани со штедењето за пензија, се обезсмислуваат, ако се стават парите во банка.

Како што веќе неколкупати сме пишувале, колку и да ни е страв од берзите, тие се единственото место каде што парите можат да се мултиплицираат со такво темпо да го достигнеме посакуваниот стандард на живеење по пензионирањето.

Ако целта ни е да се пензионираме со еден милион денари, тогаш ова не може да се случи ако заштедите во банка. Пример, ако заштедите 200 денари на месец од  25-годишна возраст со просечна годишна камата од банката од 3%, ќе достигнете износ од милион денари на 112 години. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!