Се е по 7 евра: Топ 5 шопинг дестинации во Европа со најголеми попусти

2908 Views Февруари 11, 2017 Беспарица Камелија Делија

Во време на распродажба, шопинг центрите стануваат најпосетувани дестинации на илјадници луѓе. Но секоја распродажба е различна во секоја земја и во различен период.

Каде и кога во Европа се планирани најголемите распродажби?

Германија

Што да купите: облека, чевли, садови, козметика, спортски стока.

Зимските попусти стартуваат уште пред ноември. Главното "паѓање на цените", сепак е во јануари и февруари. Токму тогаш можете да купите стока дури за 90% пониска од почетната.

Оние кои умеат да ракуваат со пари, вреди да влезат во KIK. Во овие трговски центри имаат и облека за деца и возрасни, накит, спортска стока, козметика, играчки и сл.

Во Германија е популарен и бренодт C & A, кој продава стока за целото семејство.

Каде да се оди: најинтересните распродажби се во Берлин, а најмногу дарежливи попусти има во Минхен, Дизелдорф и Дрезден.

Облека од луксузни марки, но по прифатливи цени, можете да барате во излезот Designer Outlet Berlin и Ingolstadt village.

Чешка

Што да купите: садови, накит, стока од кристал, облека и козметика.

Во продавниците во Чешка распродажби се организираат 4 пати годишно. Најголемите се во зима и лето.
Божиќните попусти почнуваат во декември, а најголемите попусти се во средината на јануари.

До крајот на зимата стоките поевтинуваат до 50-70%. Во Чешка може да се купи природна козметика од Карлови Вари, накит од локален гранит, садови од кристал и стакло. Меѓу чешките марки за облека најмногу се бараат костуми на Blazek.

Каде да се оди: главните трговски центри на Чешка се наоѓаат во Прага. Еден од најголемите е "Паладиум", во кој се претставени над 100 марки.

Производи од гранит можете да ги  најдете во продавниците Granat, а накит од злато и камења - во Lapis Diamond.

Во Карлови Вари можете да купите кристален Moser, природна козметика, чешки мермер и најпопуларните сервиси "Мадона".

Финска

Што да купите: електроника, апарати за домаќинство, облека за деца и возрасни, козметика.

Оние од Вас кои планираат да ја обноват гардероба во Хелсинки, треба да резервираат билети за крајот на јануари-февруари. Токму во тоа време продавниците имаат попусти до 70-80%.

Во трговските центри на Финска се присутни сите познати европски брендови, но особено внимание заслужуваат скандинавските марки.

Така во Lindex има квалитетна долна облека и интересна тинејџерска облека, во KappAhl може да се облече целото семејство, а во Seppala ќе ги изберете одличните колекции за секоја сезона.

Каде да се оди: најмногу продавници има во Хелсинки. Вреди да одите во галеријата Кампи, каде што се собрани на едно место околу 150 продавници. Не заборавајте да го посетите Warehouse.

Шпанија

Што да купите: облека, чевли, додатоци и накит.

Зимските распродажби во Шпанија се најдолгите во Европа. Како и другите европски земји, тие почнуваат од крајот на декември и завршуваат во пролет.

Во Каталонија сезоната на попустите е до 6 март, а во Баскија - до 31 март. Во Галиција - до 7 април.

Посебна популарност меѓу љубителите на шопинг имаат домашните брендови, на пример Desigual, Zara, Massimo Duitti.

Ако немате време за обиколки по бутиците, советуваме да ги посетите продавниците El Corte Ingles, каде што ќе најдете апсолутно сè - од играчки до апарати за домаќинство и облека.

Каде да се оди: во Мадрид облека вреди да барате во регионот Arguelles, на улица Gran Via - накит и додатоци, во Barkilo има околу 30 продавници за аудио техника, во Cuatro-Caminos - бутици на локални дизајнери.

Квалитетни евтини чевли има на пазарот Zapatos Gueerrilleros околу плоштадот Puerta del Sol.

Добро ќе поминете и во Барселона. Советуваме да свратите до трговскиот центар Maremagnum или до El Corte Ingles на плоштад Каталонија.

Полска

Што да купите: облека, чевли, играчки и колички, градежни материјали.

Слично на многу други земји во Европа, распродажби во Полска има во лето и зима.

Главните попусти се на крајот на јануари и февруари. Токму во тоа време во Варшава, Белосток и Гдањск има многу туристи кои дошле да пазаруват поевтино.

Меѓу најбараните стоки се облека, трикотажа и базни облека од Reserved, Tatuum и други локални брендови.

Каде да се оди: еден од главните трговски центри на Полска е Белосток. Тука има огромен избор на стоки за деца, домашни апарати и електроника.

Во Варшава отидете во трговскиот центар "Аркадија“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови