Кинеска фабрика отпушти 90% од вработените, ги замени со роботи

363 Views Февруари 11, 2017 Техно Камелија Делија

Кинеската компанија Changying Precision Technology која произведува мобилни телефони, го автоматизираше производството, отпуштајќи 90% од работниците.

Компанијата, својата работна сила ја заменила со роботи, како дел од долгогодишниот регионален план за укинување на потребата од фабрички работници.

Компанијата користи и автономни камиони за достава и испорака на своите производи.

Од компанијата Changying тврдат дека сега бележат раст на продуктивноста од 250% по заменувањето на работниците. Исто така,  и бројот на производи со можни фабрички грешки е намален од 25% на 5%, пишува Monetary Watch.

Работниците кои останале во фабриката се задолжени за проверка на производната линија и компјутерските системи. Претходно, фабриката броела 650 вработени, но со новите роботи, бројката се спуштила на 60. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!