Уживате во кратки патувања: Три европски престолнини идеални за викенд

1133 Views Февруари 11, 2017 Прошетај се Камелија Делија

Ако сте расположени за кратко викенд патување, овие три градови се идеални за вас. 

Будимпешта 

Градот има прекрасни мостови, величествени градби, историски знаменитости. Најубаво ќе го доживеете градот ако со брод крстарите ноќе. Ако се искачите на Рибарската тврдина, ќе имате убав поглед кон зградата на Парламентот. Тврдината се состои од 7 кули кои симболизираат 7 племиња. Будимпешта важи за град каде секогаш ќе бидете задоволни со шопингот. 

Братислава 

Ова е уште една престолнина која е сместена на брегот на моќниот Дунав. Иако е голем град, во седиштето се сите знаменитости. Шетајќи покрај голем број пабови и пивници ќе дојдете до Роландова фонтана и старото градско собрание. Недалеку оттука се наоѓа најважната знаменитост, Чумил. Станува збор за споменик за сите работници кои учествувале во изградба на градот. 

Прага 

Градот со стотина кули, живописни улици, и многу плоштади ќе ве одушеви со готскиот дух. Покрај архитектурата и чувството дека времето застанало, Прага е многу примамлива за љубителите на пиво. Популарните чешки пива ќе го воодушеват секој што ќе ги проба.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести