Ја подготвува ли Самсоненко својата авиокомпанија за национален авиопревозник?!

3075 Views Февруари 12, 2017 Бизнис Камелија Делија

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко кој во 2015 година основаше авиокомпанија во Македонија, планира да го шири бизнисот во воздухопловството.

Минатата недела како што објави и Централниот регистар, тој ја зголеми основната главнина на друштвото за авио-превоз „СИС авиаитион“ ДООЕЛ кое што е во негова сопственост на 11,1 милион евра.

Според неофицијални информации на еМагазин, рускиот бизнисмен кој што има повеќе бизниси во Македонија има интерес својата авиокомпанија да ја направи национален авиопревозник и да лета под боите на македонското знаме.

Сепак, неизвесно е дали може да ја реализира оваа идеја, со оглед на тоа што последните анализи кои ги правеше Министерството за транспорт покажаа дека Македонија нема услови за формирање на национален авиопревозник. 

Пред една година беше изработена физибилити студијата на која работеше фирмата „InterVISTAS Consulting B.V“ од Холандија која како што информираше Министерството за транспорт и врски покажала дека во земјава нема оправданост од потенцијалното формирање, односно воспоставување на национален (редовен) авиопревозник во Република Македонија.

Македонија досега имаше три национални авиопревозници и тоа "Пал ер", "Авиоимпекс" и МАТ.

Последниот државен авиоопертор отиде во стечај во 2009 година оставајќи зад себе големи долгови. Во изминативе години имаше интерес од Монтенегро ерлајнс, а се шекулирааше и за Туркиш ерлјнс, да добијат лиценца за национален превозвик, но таа идеја не се реализираше.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови