Совети: Што треба да правите за да се збогатите за неколку години

1413 Views Февруари 12, 2017 Беспарица Камелија Делија

За да добиете слика како можете за неколку години да се збогатите, сајтот  Independent собра совети од неколку милионери.  Иако овие совети се за луѓе кои имаат 20 години, сепак можат да се применат и на постари. Никогаш не е доцна да го смените вашиот однос кон парите. 

Развивајте повеќе начини на заработка 

Милионерите имале повеќе канали на заработка и тоа преку издавање на недвижнини, вложување на берза, или свој бизнис. 

Штедете за да инвестирате

Единствена причини поради која треба да штедите е да инвестирате. Парите ставете ги на сигурно или можете да штедите на банкарска сметка. 

Инвестирајте во себе 

Ова е најсигурна инвестиција која ви обезбедува светла иднина. Читајте половина час дневно, следете новости на интернет, така ќе можете да разговарате на било која тема. 

Поставете си цел

Ако сакате да заработувате повеќе, морате да имате јасна цел. Фокусирајте се на тоа и на избегнување на грешки. 

Почнете да се дружите со луѓе на кои им се воодушевувате 

Ендру Карнеги почнал од нула и станал најбогат човек во Америка. Треба да бидете опкружени со луѓе кои ја делат вашата визија. Така ќе се инспирирате, ќе размените мислење и ќе добиете идеи. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести