Додека СДСМ и ДУИ преговараат: „Фрштат“ нови вработувања во администрацијата и јавните претпријатија

8761 Views Февруари 15, 2017 Наша тема Никола Осило

Никако да завршат преговорите околу формирање нова Влада, но тоа што во Македонија веќе подолг период има техничка Влада се чини дека не е пречка за администрацијата и јавните претпријатија да се „полнат“ со нови работници.

Само во изминативе неколку недели беа распишани повеќе огласи за стотици нови вработувања.

ЈП „Македонски шуми“ вчера објави оглас за засновање на работен однос на определено време за 223 лица. Лицата се вработуваат за извршување на итни и неодложни работи од сезонски сезонски карактер. Во огласот се бараат сечачи, дотурачи и други профили работници за целата територија на Македонија.

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството неодамна распиша оглас за вработување на 18 (осумнаесет) работници на определено време до 31.12. 2017 година.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија поради привремено зголемен обем на работа, објави јавен оглас за ангажирање на 9 лица на определено време, додека трае потребата на институцијата, a најдолго 1 година.

Претходно огласи за десетици нови вработувања распишаа и акционерското друштво Водостопанство на Република Македонија,ЈП за државни патишта и други претпријатија.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

„Македонски шуми“ распиша оглас за вработување на 223 лица

Владата вработува девет лица: Додека се формира нова, нема пречки за вработувања во старата

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!