Македонија извезла над милион шишиња вино во Русија

386 Views Февруари 15, 2017 Вино Редакција Емагазин

На саемот за храна и пијалаци во Москва. „Продекспо“ покрај 2.000 компании од 57 земји, учествуваа и седум македонски фирми од винската, млечната и конзервната индустрија од Македонија, информираа во Стопанската комора. 

„Веќе четврта година извезуваме во Русија каде имаме пласирано еден милион шишиња под брендот „Македонско вино“. Презентацијата на Македонија како винска земја треба да продолжи зашто со оглед на квалитетот што го нудиме, можеме да се споредуваме со сите останати вински земји во светот, нагласи Јадранка Клариќ Кимовска од визбата „Стоби“.

И „Здравје Радово“ беше дел од „Продекспо“ од каде, како што информира Панделе Панделевски, се врати со уште еден потпишан договор за извоз.

„Во декември 2016 го склучивме првиот договор за извоз, а веќе имаме трета нарачка. Овие наши првични резултати не охрабруваат и дополнително не мотивираат да го зачуваме квалитетот“, потенцира Панделевски.

Нашите производи, додаде, на големите саемски манифестации се препознаени како висококвалитетни и се наоѓаат на премиум полиците што само по себе зборува за нивниот третман и од страна на домаќините и од страна на потрошувачите.

Македонско-руската стопанска комора се подготвува за следниот меѓународен саем во Москва што традиционално се одржува во септември

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови