Паско Кузман за монетите од Стоби кои се најдоа на e-bay: Државата треба да регира на вакви јавни продажби на нашето богатство

6078 Views Февруари 15, 2017 Наша тема Редакција Емагазин

За најпознатиот археолог во земјава, Паско Кузман нема ништо чудно тоа што монети пронајдени во Стоби, стигнале на јавна продажба на најпознатата светска онлајн продавница e-bay.

Како што објави еМагазин, на продажба се нуди монета нарачена Трајан од 98 година од нашата ера, како и монета Јулија од 193 година од нашата ера.

„Монети, но и други археолошки предмети и порано преку тајни канали или преку колекционери стигнувале на пазарите надвор. Секако распродажбата на културното наследство е забрането и државата треба да реагира. Незнам колку тоа ќе придонесе да се променат работите и дали ќе успее да направи нешто. Но знам дека Грција успеа да врати одредени предмети кои се продаваа во САД“, вели за еМагазин, Кузман.

Фото: Академик

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Молк од Управата за културното наследство за монетите од Стоби кои се продаваат на e-bay

ЕКСКЛУЗИВНО: Ретки монети од Стоби се продаваат на e-bay

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови