(ВИДЕО) Во Дубаи ќе патуваат со дронови кои се управуваат сами

538 Views Февруари 15, 2017 Техно Редакција Емагазин

Шефот на Агенцијата за патишта и транспорт во Дубаи, Матар Ал Таџер го најави планот за воведување на услугата за превоз на патници со дронови, кои се управуваат сами.

Дронот ќе превезува само едно лице, а првите летови се очекуваат веќе во јули.

-Ова не е единствениот модел. Ние веќе направивме експерименти, летавме на небото над Дубаи, изјави Ал Таџер при претставувањето на патничкиот самовозен дрон.

Електричниот дрон „EHang 184“ е направен во Кина, а порано бил претставен на саемот на летала „Consumer Electronics Show“. Пробните летови биле направени и во Лас Вегас, минатото лето. Дронот тежи 227 килограми и може да носи патници тешки до 100 килограми, како и мала торба сместена во посебен оддел.

Дронот „EHang 184“ може да лета 50 километри со едно полнење на батеријата, а неговата максимална брзина изнесува 100 километри на час.

Контролата на дронот ја изведе Агенцијата за цивилна авијација во Дубаи, а се контролира по пат на 4Г мобилен интернет.

Компанијата „Ербас“, исто така, има планови за патнички дрон, а се зборува дека слични планови имаат и „Убер“ и „Гугл“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови