Промена во сопственичката структура на „Графички центар“: Се крои судбината на изданијата од МПМ

2239 Views Февруари 16, 2017 Бизнис Никола Осило

Централниот Регистар на Република Македонија по пријавата за упис на промена - истапување и пристапување на основач со пренос на удел на трговското друштво за новинско издавачка дејност и графичко производство „Графички центар“ донесе решение со кое се одобрува пријавата за упис на промена.

На веб-сајтот на регистарот е објавено решението од кое што може да се види дека од листата сопственици на компанијата се избришани „Орка холдинг“ и „Интернет гроуп инвестмент“, а како единствен сопственик фигурира „Издаваштво Телеграф“.

„Графички центар“ е една од најголемите печатници во земјава. Во сопственост на „Графички центар“ е и МПМ, компанија која ги издава весниците „Дневник“, „Вест“, „Утрински весник“, „Македонски спорт“, магазинот „ТЕА Модерна“ и други изданија. 

 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

„Орка холдинг“: Го продадовме уделот во „Графички центар“, односно МПМ, платите ќе бидат подмирени

Интернет груп инвестмент: Го продадовме уделот во „Графички центар”, платите за вработените ќе бидат исплатениот

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!