(Фото) Македонка во рекламна кампања за светското списание Elle Mariage

После Токио,Сингапур и Јужна Кореја нашиот докажан топ модел Елена Реи веќе подолго време престојува во центарот на светската  мода Париз.

Позади неа стојат веќе голем број реализирани големи проекти, од заштитно лице на брендот Calvin Klein, па преку соработките за кампањи и ексклузив едиторијали за  Armani, Jimmy Choo, Bvlgari, Celine, Massimo Dutti, Harper’s Bazaar .

-Последно од нашата Елена е големата рекламна кампања за модното списание ELLE Mariage. Прекрасните и раскошни венчаници се најава за новата сезона која насетува минимализам на гламурот.

Покрај едиторијалот Елена Реи е главен лик во промотивниот видео запис,каде покрај нејзината впечатлива убавина може да се види маестралниот крој на венчаниците и обувките, кои ќе се сложиме и прилегаат навистина совршено.

Со секој нареден проект нашата Елена докажува дека е навистина предодредена да ја паметиме како едно од најдобрите работи што воопшто и се случиле на модната сцена кај нас -  велат од нејзината матична агенција Моделс ИН во Скопје.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови