Македонките повеќе плаќаат за затегнување стомак отколку за поголеми гради

Естестката хирургија се повеќе зема замава и во Македонија, а најдобар доказ за тоа е што се повеќе јавни личности отворено зборуваат за нивните естетски интервенции на носот, задникот, усните и најчесто градите.

Анализата на цените на естетските интервенции што ја направи „еМагазин“ покажува дека жените во земјава плаќаат повеќе пари за да го затегнат стомакот отколку за да ги зголемат градите.

Така, на пример на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, која што постои уште од седумдесетите години на минатиот век и каде што првата реконструкција на дојка е изведена уште во 1998 година, цените за естетеските зафати за зголемување на градите со сопствено масно ткиво се околу 68.000 денари, додека за заетгнување на стомакот двојно повеќе односно околу 117.000 денари.

Естетската хирургија освен лица на кои им се јавил физички недостаток поради болест или од раѓање, мажите и жените се почесто ја користат за подмладување, намалување на дебелината, како и за зацврстување на градите поради естетски причини.

Целиот ценовник ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови