Молк од Управата за културното наследство за монетите од Стоби кои се продаваат на e-bay

1194 Views Февруари 16, 2017 Наша тема Редакција Емагазин

И покрај тоа што ни ветија одговори на нашата прашања за монетите од Стоби кои се најдоа на јавна продажба на најпознатата светска продавница e-bay, еМагазин и по еден ден не доби ништо од Управата за заштита на културното наследство.

Државната институција која треба да се грижи за нашето културно богатство ја прашавме меѓудругото дали ќе преземе нешто и кои се процедурите во вакви случаеви.

еМагазин вчера објави дека ретки монети од првиот и вториот век од нашата ера се продаваат на e-bay по цени од стотина до над шесто долари во зависност од староста и матерјиалот од кои се изработени.

На продажба се нуди монета нарачена Трајан од 98 година од нашата ера, како и монета Јулија од 193 година од нашата ера.

За најпознатиот археолог во земјава, Паско Кузман нема ништо чудно тоа што монети пронајдени во Стоби, стигнале на јавна продажба на најпознатата светска онлајн продавница e-bay.

„Монети, но и други археолошки предмети и порано преку тајни канали или преку колекционери стигнувале на пазарите надвор. Секако распродажбата на културното наследство е забрането и државата треба да реагира. Незнам колку тоа ќе придонесе да се променат работите и дали ќе успее да направи нешто. Но знам дека Грција успеа да врати одредени предмети кои се продаваа во САД“, вели за еМагазин, Кузман.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Ретки монети од Стоби се продаваат на e-bay

Паско Кузман за монетите од Стоби кои се најдоа на e-bay: Државата треба да регира на вакви јавни продажби на нашето богатство

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови