Втората рата легна на сметките на лозарите: „Тиквеш“ исплати 60% од откупеното грозје

513 Views Февруари 16, 2017 Вино Камелија Делија

Заклучно со 15-ти февруари оваа година, до кога истекува законскиот рок за исплата на втората рата од средствата за откупеното грозје од последната берба, винарската визба „Тиквеш“ исплати речиси 63 отсто од вкупната вредност. 

- Повторно го надминавме законскиот праг кој предвидува до средината на февруари на лозарите да им бидат исплатени минимум 60 проценти од средствата за откупеното грозје. На ваков начин го потврдуваме својот сериозен однос кон своите партнери - лозарите, овозможувајќи им навремено и квалитетно да ги реализираат сите планирани подготовки за новата винска сезона, велат од „Тиквеш“.

Минатата година, винарската визба „Тиквеш“ откупи околу 17,5 милиони килограми грозје со вкупна вредност од 263,5 милиони денари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови