Како да ги намалите месечните трошоци за храна на половина?

1001 Views Февруари 16, 2017 Беспарица Камелија Делија

Ја оставате пола плата секој месец во супермаркет? Сакате ли да го намалите овој трошок?

Ако се следат неколку едноставни чекори, може поретко да го посетувате супермаркетот и секако да ја намалите месечната сума која ја трошите за храна, тврдат Стив и Анет Економидес, автори на Cut your Grocery Bill in Half with America's Cheapest Family.

Брачниот пар Економидес, кои на почетокот на бракот имаат малку средства, велат дека се во состојба да прехранат семејството од седум лица со околу 350 долари месечно.

Двојката наведува дека благодарение на внимателното планирање тие ја купуваат целата храна, неопходна за цел месец, само со една посета на два супермаркети, а за тоа им требаат четири часа.

"Американците заборавиле дека планирањето на менито за вашата вечера секој ден или сведувањето на посетите на супермаркетите на еднаш неделно ќе ги намалат нивните сметки за храна на половина, вели Анет Економидес, за USAToday.

Како да заштедите пари на храна? Еве неколку совети од семејството Економидес:

1. Планирајте си ги оброците 
Планирањето на целото месечно мени може да звучи застрашувачки, но ако сакате да ја намалите сметката за храна половина, ова е начин како да го направите тоа.

Започнете со неделно планирање и зголемувајте го периодот, прво на две недели, па на три недели и на крај за цел месец. Ако одите до продавница без листа, тогаш е време да ја преиспитате својата стратегија.

Добро е пред да го посетите супермаркетот да проверите што имате дома и што ви е потребно па потоа да ја составите листата и да се воздржите од импулсивно купување, советува Стив Економидес.

2. Купувајте на промоции
Користете ги брошурите на продавниците да ги следите нивните промо цени. Така можете да ги купите потребните производи за прилично пониска цена.

Купување на поголеми количини производи по намалена цена ви помага да ги надополните залихите во замрзнувачот и да ги искористите предностите на поевтините производи.

Тие исто така купуваат и производи со краен рок пред истек, кои се секогаш поевтини и ги маркираат со фломастер за да знаат што прво да изедат.

Но тие потсетуваат дека не треба да се купуваат производи на попуст по секоја цена, а потоа да неможат да ги изедат.

3. Ограничување на посетите на супермаркетите
Ако имате навика да одите до продавница неколку пати во неделата вие најверојатно ќе потрошите повеќе пари.

Според Стив Економидес многу луѓе не се свесни колку време всушност поминуваат во продавницата, и затоа тој советува да се намалат посетите до еднаш неделно.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови