„Орка холдинг“: Го продадовме уделот во „Графички центар“, односно МПМ, платите ќе бидат подмирени

5815 Views Февруари 16, 2017 Бизнис Никола Осило

Со одлука на Управниот одбор на компанијата, донесена на 12.12.2016 година а спроведена во Централниот регистар на РМ на 15.02.2017 година, компанијата „Орка Холдинг“ АД Скопје го продаде својот удел во „Графички центар” ДОО Скопје, сопственик на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), по номинална цена, соопшти компанијата.

„Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31.12.2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските кон платите за месец јануари 2017“, информираат оттаму.

„еМагазин“ утрово објави дека има промени во сопственоста на „Графички центар“ односно дека полека се разрешува судбината на печатените изданија на МПМ, компанија која е во сопственост на „Графички центар“.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Интернет груп инвестмент: Го продадовме уделот во „Графички центар”, платите за вработените ќе бидат исплатениот

Промена во сопственичката структура на „Графички центар“: Се крои судбината на изданијата од МПМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!