Ахмети му ги испрати на Заев забелешките за неговата понуда

ДУИ го врати во СДСМ нацрт-законот за албанскиот јазик, а во прилог има и свое мислење за неколку клучни прашања кои се однесуваат на неговиот статус, спроведувањето и усогласувањето со Уставот, објави Алсат-М.

Кога прашањето на албанскиот јазик ќе биде прифатен од двете страни, тогаш партијата на Ахмети, се очекува да го собере претседателството за да донесе одлука за потписите.

Претходно, Ахмети се сретна и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со кој заедно ги договорија нивните забелешки за решенијата за јазичното прашање што ги предлага СДСМ. Лидерот на ДУИ рече дека пред нив е тешка одлука, а со конечни ставови најави дека ќе излезат до крајот на неделата.

Извор: Алсат М/Фото: ДУИ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови