(Фото) Како изгледа поликлиниката на „Аџибадем Систина“ во Битола

1775 Views Февруари 17, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Како што вчера објави еМагазин, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ инвестираше во отворање на својата прва поликлиника во Битола.

Таа се наоѓа во близина на центарот на Битола, на површина од преку 500 квадратни метри. Новата поликлиника ќе нуди медицински услуги од педијатрија, гинекологија и акушерство, интерна медицина и кардиологија.

Поликлиниката „Аџибадем Систина“ располага и со дневна болница за возрасни и педијатриска дневна болница.



Прегледи и консултации од стручниот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Во Поликлиниката во Битола, покрај редовните доктори, секој работен ден прегледи и консултации ќе изведуваат и доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје. Со тоа, сите граѓани на Битола и регионот ќе имаат можност да бидат поблиску до врвната медицинска грижа која „Аџибадем Систина“ ја нуди  веќе 7 години.



Пациентите кои се заинтересирани за повеќе информации и закажување преглед во Поликлиника „Аџибадем Систина“ може да се јават во Контакт центарот на 02/ 3099 500.   

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови