Малите земји треба да се поврзат за поголем економски пораст и полесен извоз

337 Views Февруари 17, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Денеска во „Александар Палас“ се одржува тркалезна маса на тема „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“ ќе организира Стопанска комора по повод 95-годишнината од коморското организирање во Македонија.

На неа учествуваат црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, хрватскиот милијардер Бранко Роглиќ, македонските бизнисмени Светозар Јаневски, Кочо Анѓушев, економскиот експерт Владимир Глигоров и други.

Според црногорскиот премиер Ѓукановиќ проблемот што малите држави не се развиени е тоа што со себе носат длабоко наследство од економска неразвиеност,

Тој истакна дека Црна Гора од најнеразвиена држава пред десет години сега е муѓу најразвиените економии на Западен Балкан.

Главениот организатор на бизнис-форумот Копаоник, во регионот познат како „српскиот Давос“, Александар Влаховиќ рече дека за една мала земја да биде економски просперитетна треба да има реформи во јавниот сектор и добро дефинирана и јасна визија за политиката.

– Политичарите не треба да собираат политички поени и да гледаат од денеска за утре туку да имаат јасна визија и реформи кои можеби негативно ќе се одразат краткорочно, но долгорочно ќе бидат од корист за граѓаните. Посебно вниамние треба да се обрне на малите и средни претпријатија кои се моторот на економијата – истакна Влаховиќ.

Хрватскиот милијардер Бранко Роглиќ, чијашто фирма  „Орбико“ е водечки дистрибутер во Европа, изјави дека извозот на малите земји во регионот е неконкурентен бидејќи државните буџети на земјите во регионот за две децении се трипати зголемени.

– Таа државна бирократија е прескапа за плаќање. Решението е мала и ефикасна администрација – додаде Роглиќ.

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ истакна дека мора да се најде нова парадигма во соработката помеѓу помалите земји, бидејќи ако тие соработуваат ќе бидат подобро прифатени од големите земји кои носат стратешки одлуки.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови