Вработените во Железница ќе го добијат вториот дел од платата за декември

171 Views Февруари 17, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Македонски Железници Транспорт АД Скопје инфромира дека денеска на вработените ќе го исплати вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецот да ја исплати платата за јануари 2017 година.

- Заради огромните проблеми со кои се соочи целокупниот железнички систем во минатата 2016 година кога поради блокадите на железничката пруга кај нашиот јужен сосед, Македонски Железници Транспорт АД Скопје претрпи директна загуба од 5 милиони евра, на што доколку се додаде и вратените долгови во износ од 15 милиони евра и исплатените заостанати 4,5 плати, во почетокот на оваа година повторно се соочува со одредени финансиски предизвици, наведуваат во соопштението.

Од компанијата најавуваат и дека во текот на наредната недела во соработка со Владата на Република Македонија треба да се финализира решението за подолгорочно решавање на состојбите во железниците во Македонија.

Поради неисплатените плати синдикатите во „Македонски железници - транспорт“ најавуваа протест.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови