На родителите во Германија им е препорачано да ги уништат детските кукли „Кајла“

233 Views Февруари 17, 2017 Живот Редакција Емагазин

Агенцијата за надзор на телекомуникации во Германија издаде предупредување до родителите да ги уништат куклите „Кајла“ поради можност да биде хакирана, и со тоа да се случи и кражба на лични податоци.

Според нив, хакер може да искористи небезбеден блутут уред што се наоѓа во куклата и да прислушкува.

Производителот Џенесис тојс засега не соопшти ништо во врска со предупредуавњето.

Куклата Кајла може да одговара на одредени прашања на корисникот кога е приклучена на интернет. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови