Сите детали: Знаете ли што содржи Законот за јазици и каде се се употребува албанскиот јазик

Една од главните теми по изборите, која стана клучна за формирање на нова влада е платформата на албанските партии, во која главно прашање е употребата на албанскиот јазик на целата територија.

Додека се уште траат преговорите и партиите разменуваат и договараат нова верзија на Законот за јазиците, која треба да придонесе за поголема употреба на албанскиот јазик, Ве потсетуваме што содржи актуелниот Закон за јазици, донесен во 2008 година или „Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локална самоуправа“, со неговото целосно име.

Овој закон предвидува широка примена на албанскиот јазик и на другите јазици во места каде истиот го зборуваат најмалку 20% од граѓаните:

-во Собрание

-При комуникација на граѓаните со министерствата

-При судски постапки

-При управна постапка

-При извршување на санкции

-Во комуникација со народен правобранител

-При изборниот процес

-При непосредно изјаснување на граѓаните

-При издавање на лични документи

-При водење на матична евиденција

-При примена на полициско овластување

-Во радиодифузна дејност...

Целиот закон погледнете го ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови