(Фото) Најнови модели на чевли и јакни од колекцијата на Geox за пролет/лето 2017

2051 Views Февруари 21, 2017 Е-излог Редакција Емагазин

Geox ja дочекува пролетта со линија чевли во која се претопуваат удобноста, убавината и функционалноста. Линија која со помош на развиена технологија ги овозможува чевли кои се пријатни и модерни, а во себе имаат вплотено креативност, леснотија и флексибилност.

За пролет/лето 2017 Geox нуди модели кои се впечатливи и прилагодливи за секоја прилика – за чекорење низ урбаната џунгла, класични настани, спортски денови и гламурозни вечери. 

Од колекцијата издвојуваме неколку носечки модели:

БОИТЕ НА МОДАТА

Сандали кои ја реинтерпретираат урбаната елеганција преку комбинација на драматични бои – интензивна сина, портокалова, жолта и розова. Направени од превртена кожа, овие чевли следат елегантна и модерна линија со широка, удобна потпетица.Перфорираниот ѓон со мемориска пена  е лесен и флексибилен и е совршено надополнување на патентираната технологија на Geox и врвниот дизајн.

  

 

РЕТРО СТИЛ

Женствени чевли со иновативна комбинација на различни материјали во исти тонови - кожа, превртена кожа и технички меш, вкомпонирани во оригинален дизајн. 

За апсолутна удобност, класичната елеганција е  збогатена со модерни елементи, додека пак Geox системот кој овозможува стопалата да дишат е интегриран во надорешниот ѓон и практични внатрешни влошки кои лесно се отстрануваат. 

NEBULA 

Култниот Nebula дизајн за оваа сезона истражува нови интензивни бои кои ги истакнуваат динамичните и спортски елементи од секојдневието преку технички софистицирани материјали. Nebula е израз на филозофијата на Geox за ултимативно чувство на удобност кое се комбинира со перформансот по највисоки стандарди издржливост, леснотија и флексибилност – вистинско доживување на одење по облаци. 

Колекцијата е дополнета со уште многу актрактивни модели на чевли кои ќе ги направат пролетните и летните денови модерни, разнобојни и лесни.

Јакните кои се направени со употреба на врвна технологија исто така се дел од богатиот избор за сезоната која со нетрпение ја очекуваме. 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови