(ВИДЕО) Русите направија летечки мотоцикл, се продава за 150.000 долари

1061 Views Февруари 23, 2017 Техно Редакција Емагазин

Руската компанија Hoversurf го тестираше првиот летачки мотоцикл под името Scorpion 3. Станува збор за стандарден моторцикл кој е дизајниран со технологија на дрон и на возачот му овозможува да „полета“ и со мотоциклот да управува додека е во воздух.

Scorpion 3 може да поднесе тежина од 120 килограми и е предвиден за само една личност. Лета на висина до 10 метри, може да достигне максимална брзина од 50 километри на час, а функционира со помош на струја или хибридни батерии. Покрај стандардниот погон по полнењето може да лета околу 27 минути, а со хибридната батерија може да се лета уште околу два часа.

Летачкиот мотоцикл има врвен безбедносен механизам кој ја ограничува максималната брзина и висина за да се спречат несреќи, а со него можат да управуваат и аматери и професионалци. Мотоцикот е достапен на пазарот по цена од 150.000 долари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови