(Фото) Timberland пролет/лето 2017 flyroam&aerocore технологија: Висок перформанс и футуристички стил

1298 Views Февруари 23, 2017 Е-излог Редакција Емагазин

Како бренд со богата историја, но и чувство за идните трендови, Timberland ја започнува сезоната пролет/лето 2017 со уште еден иновативен производ со лансирањето на  колекција Flyroam (флајроам).

Трендовскиот дизајн се среќава со иновацијата во современ производ кој ги спојува спортот и стилот. Динамична линија обувки со минималистичка естетика, ултимативната спортска обувка, подготвена за секакви услови.

Конструкцијата на Flyroam обувките е лесна, а линијата едноставна. Тие доаѓаат во неколку форми направени платно или превртена кожа, а одлично се комбинираат со спортска облека, но си џинс. 

Во центарот на овој нов производ на Timerland e технологија наречерна AeroCore  - енергетски систем кој се фокусира на флексибилност и намалување на притисокот од тежината при движење. Внатрешноста на обувките нуди специјални перничиња за удобност, додека пак единственото место каде се употребува гума е местото каде се остварува контакт со надворешноста.

Со помош на AeroCore системот, Flyroam обувките се значително полесни и овозможуваат слобода во движењето. Издржлива и отпорна, аеродинамичната линија на овие обувки е функционална и модерна, совршено дополнување на оваа напредна технологија. 

Flyroam обувките се ексклузивни за европскиот пазар за оваа сезона, а ќе бидат достапни и во продавниците на Timberland во Рамстор и Skopje City Mall. 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови