Василевски: Во Јавна соба се бориме џез музиката да биде на редовен репертоар

2329 Views Февруари 25, 2017 Интервју Редакција Емагазин

Марко Василевски е музичар и програмски директор на „Шоу рум“ во Јавна соба во рамките на која се одржуваат џез-концерти на музичари од државата и регионот. За овој концепт вели дека како дел од таа сцена и самиот има искрена желба да одговори на некои од потребите на нашето музичко општество. Со неговиот бенд  „Fierce“ го подготвуваат нивниот нов албум кој е второ издание.

Од каде потекна идејата за во Јавна соба да се одржуваат џез-концерти на музичари од државата и регионот? Дали оваа џез-сцена е недоволно развиена, па потебено е да и се даде дополнителен простор за нејзина промоција и допир до поширока публика?

-Благодарение на иницијативата на  Александар Велиновски, за создавање музичка програма во Јавна Соба, се сретнавме со идеите и визиите околу „Шоу рум“,  музичка платформа за џез музичари од земјата, а и размена на „мисла“ со регионот. Дел од потребите, се токму тие: да се обезбеди место и термин за настап и промоција на состави кои имаат слобода да се изразат на сопствен начин, преку подготовки на свои концепции, материјали, обработка на правци, артисти, инструменталисти, па и авторски концерти. За колку е развиена сцената, би требало да се изјаснат посетителите и љубителите на оваа музика, но во секој случај, во моментов има многу млади музичари кои носат нов бран на свежина, а веројатно се и најмногу до сега во нашата историја на џезот. Има повеќе генерации, има и наши млади луѓе, едуцирани надвор, кои носат поинаков пристап на работите и музиката. Па дури може да се каже, во денешното смалување на светот, има и такви кои живеат надвор,  но се уште работат на проекти заедно со своите колеги и пријатели во земјава. Фактот што го потврдува тоа е што овие неколку месеци од кога е активна програмата, поминаа само дел од музичарите со извонредно конципирани концерти, наменети специјално за овој повод, а има уште многу што ќе ни приредат изненадувања, од тој квалитет, во периодот што следи.

Дали овие концерти се посетени и каква е реакцијата на публиката, имајќи предвид дека како и за сите други активности кои се случуваат таму, Јавна соба наметнува и некој свој концепт во овој сегмент?

-Посетеноста и исклучително добра, со оглед дека е програмата е се уште нова, а позитивно е тоа што трендот расте и се работи за ваков тип на музика, но сепак, квалитетот е препознатлив, и слушателите го поздравуваат. Подготвени се секој пат да ја повторат посетата, што значи дека се задоволни од програмата, просторот и атмосферата. Секако, Јавна Соба, како што ги нуди и другите настани и содржини, си има свој пристап во поглед на концептот и карактерот и во ‘Шоурум’. Влезот за сите концерти е бесплатен   и таа осбона на целиов проект нема да се менува.

Каде настапуваат македонските џез-музичари, ако се земе предвид фактот дека до сега се одржале неколку џез-фестивали посветени на македонската џез-музика, а многу малку клубови или речиси воопшто никој не им отстапуваат простор за настапи? Зошто тоа е така?

-Во основа, можете да најдете џез свирки на многу мал број на места во Скопје и скоро никаде како редовна програма. Веројатnо самиот стил бара друг вид на внимание и слушање, па се чини дека сопствениците на локалиtе се одлучуваат многу често да понудат џез. Но, слично е и по светот, затоа постои mainstream – мнозинствотоод популацијата се одлучува за него. Со оваа програма и простор се бориме против џез музиката да биде застапена со редовниот репертоар, а тоа моментално се случува во Јавна соба.

Што ќе биде на програмата на „Шоу рум“ следниот период, кои музичари и групи ќе настапуваат?

-Како и оние до сега, и следните гости верувам ќе подготват убави изненадувања. Како што спомнав и претходно, програмите музичарите ги подготвуваат соодветно за нас, па најчесто и за првпат изведуваат настап ексклузивно за публиката. Според најавите, составите на Јасмина Беличанска, Филип Стевановски, Кирил Туфекчиевски, македонската џез вечер со Ангела Сиљановска, ни подготвуваат програма од Ела Фицџералд, Сара Вон, македонски евергрини, етно џез, и Хард Боп теми. За точно кога, што и кој, ви препорачувам вам и вашите читатели да го посетат профилот на Јавна Соба, каде има најави и известувања за се што се случува кај нас, а и за настапите на ‘Шоу рум’, а изненадувањето ќе го дочекаме заедно како публика.

Каде вие настапувате со Fierce, и дали во моментов работите на некој музички проект имајќи предвид дека соработувате со голем број на музичари?

-Fierce…Секогаш има време за  Fierce. Да, членовите од нашиот бенд се доста активни музичари, но за нашата прва љубов секогаш сме подготвени... и за концерт, и за нов материјал. Во моментов се подготвуваме за снимање на нов албум, кој ќе биде наше второ издание. Многу сме возбудени околу тоа, бидејќи се трудевме и работевме да претставува надграден израз од претходниот албум, а сепак да го задржи нашиот идентитет.Темите се отсвирени пред публика на фестивали, на кои сме поминале добро, па се надеваме ќе успееме да го пренесеме тоа на снимка. Останува да дадеме се од себе, па се надевам дека ќе се видиме на промоцијата за новиот албум, а ина  некој иден концерт на Fierce.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести