Истражување на ЕК: Во ЕУ се бараат пожарникари, учители, возачи за плати од 2.000 до 3.500 евра

812 Views Февруари 28, 2017 Бенчмарк Камелија Делија

Воспитувачи, учители, стручњаци за финансии се бараат во Европската Унија, покажува истражување на Европската комисија.

Возачи за градежни машини се дефицитарни во Словенија, а бабици во Холандија и Грција. Воспитувачи најмногу се бараат во Шведска, а платите се од 2.000 до 3.500 евра.

Се бараат и пожарникари, келнери, обезбедувачи ширум Европа. Во Словачка се бараат продавачи и работници за во јавен сектор. Чешка има потреба од административни работници и ИТ стручњаци. Кипар бара секретарки и пожарникари.

Во Европа сега се бараат и кадри кои претходно не се бараа. До 2025 година во автомобилската индустрија ќе има 888.000 работни места. Од друга страна околу 300.000 работни места ќе ги снема во занаетчискиот сектор.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести