Подготвен нов пакет предлози и мерки за унапредување на бизнис климата и конкуретноста на домашните компании

Владеење на правото и елиминирање на митото и корупцијата, квалитетна регулатива во чие изготвување активно ќе учествува и бизнис заедницата, елиминирање на нелојалната конкуренција и изедначување на условите за работење на компаниите, зголемување на можностите за пристап до финансиски услуги и еднаков третман на домашните претприемачи и странските инвеститори.

Ова се дел од клучните препораки и предлог-мерки на домашните бизнисмени и работодавачи содржани во петте предлог-политики за унапредување на бизнис климата во нашата земја, во чие изготвување активно се вклучи Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), како една од активностите во рамки на Проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

„Пакетот предлог-политики содржи голем број мерки групирани во пет значајни области кои имаат големо влијание на развојот на бизнисот, како што се: владеење на правото, лојалната конкуренција, пристапот до финансии, правната сигурност и претприемачката култура. На формулирањето на овие мерки и предлог-политики работевме подолг временски поериод, трпеливо слушајќи ги потребите на оние што инвестираат во развојот на бизнисот и креираат стабилност на работните места во земјата.

Можам да потврдам дека овие предлог-политики ќе бидат основа за идното делување и дијалог со социјалните партнери што ќе го иницира ОРМ заради унапредување на бизнис климата во земјата и зголемување на конкурентската способност на домашните компании“, изјави претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, на првата јавна презентација на новите предлог-политики за побрз економски развој во земјата.

Помеѓу презентираните мерки содржани во новите предлог-политики се и оние кои се однесуваат на: зголемување на транспаретноста и контролата на јавните набавки, зајакнување на квалитетот на инспекцискиот надзор, избегнување на често менување на регулативата и намалување на административниот товар за нејзино спроведување, ревидирање на задолжителните трошоци за водење бизнис, зголемување на можностите за пристап на домашните компании до ЕУ - фондовите, развивање на нови финансиски услуги и продукти, како и мерки за обезбедува ефективна поддршка на новосоздадените бизниси, немасто нивна пререгулација и ограничување.

Презентираните предлог-политики содржат и неколку конкретни иницијативи, како што е онаа за подготовка и донесување на нов закон за работни односи што ќе биде во насока на унапредување на соработката меѓу работниците и работодавачите, како и поефикасна контрола на примената на регулативата и на инспекцискиот надзор.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести