Шест начини како да ги скратите трошоците за бензин

Трошоците за горива се меѓу главните кои ги има секое домаќинство. Ако сепак сакате да ги скратите, може да ги искористите предностите на овие совети.

1. Одржувајте го автомобилот во исправна состојба

Само валканите воздушни филтри на пример може да ја зголемат потрошувачката за бензин со 4%. Следете и проверувајте постојано дали се со работата на возилото е во ред.

2. Забрзувајте непречено

Совршен начин да се патува е со 90 километри на час. Се разбира, во градски услови тоа е невозможно. Можно е сепак да забрзувате непречено и да не го притискате педалот за гас со повеќе од една третина од неговиот потег. Новите автомобили даваат можност да менувате на пониски вртежи, што исто така заштедува гориво.

3. Редовно проверувајте ги гумите

Меките гуми ја зголемуваат потрошувачката на горива. Малку повеќе притисок во гумите од препорачаното од производителот, исто така може да има големо влијание. Дополнителниот притисок сепак не треба да биде над 0,5 бари, бидејќи може да има негативен ефект.

4. Расчистувајте го багажникот

Може да ви изгледа убаво да имате еден куп работи во багажникот, но тоа дефинитивно не е добро за потрошувачката на гориво. Според специјалисти 100 кг во багажникот ја зголемуваат потрошувачката на гориво во просек со 0,3 литри на 100 км.

5. Исклучете ја климата, кога не ви е потребна

Кога во возилото не е топло или ладно, можете да ја исклучите климатизацијата. Идејата таа да работи постојано и да одржува еднаква температура во возилото може и да е примамливо, но и тоа си има цена.

6. Избегнувајте сообраќаен метеж

Ако патувате во сообраќаен метеж наутро и навечер, освен што губите време и нерви во метежот, се зголемува сериозно и потрошувачката за гориво. Пробајте да излегувате со половина час порано барем наутро.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!