Ски-опрема се купува сега, односно на крај на сезона

Ако сакате да купите ски-опрема тогаш тоа можете да го сторите овој период. Имено, низ продавниците има големи попусти на скии, кондури, гардероба, зимски аксесорис, бидејќи завршува сезоната на скијањето.

Доколку пред еден месец или два, за 200 евра сте можеле да купите само скии, сега за оваа сума можете да се купи и кондури за скијање и стапчиња.

Во „Алпине центар“ во Тетово на пример, целата ски-опрема и зимска гардероба е на 40 проценти попуст.

„Росињол“ скии чинат од 6.000 ден до 12.000 денари во зависност од моделот, а кондурите за скијање се околу 4.000 денари.Стапичињата од 1.200 денари се намалени на 800.

Па така цела ски-опрема, без гардеорба би ве чинела околу 200 евра, што е незамислива сума во ек на сезона/

Но, не само во оваа продавница, туку распродажба на ски-опрема има и по другите спортски продавници во Скопје.

Доколку не ви е важно догодина на скијање да одите со најнови топ-модели од сезона 2017/2018, сега е вистинско време да се опремите и да си купите опрема за следните неколку години.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови