Цената се зголемува за 4 денари: Од јуни ќе пушиме поскапи цигари

Годинава ќе поскапат цигарите. Според календарот на зголемување на акцизите од јуни 2017 година цигарите ќе бидат поскапи за 4 денари.

Почнувајќи од оваа година, па наредните седум години годишното поскапување на цигарите, предизвикано од повисоката акциза, ќе изнесува четири денари по кутија.

Пресметките покажуваат дека кутија цигари која сега чини 120 денари, по осум години само со зголемувањето на висината на акцизата, ќе чини од 154 денари.

Последното поскапување на цигарите беше во јуни минатата година кога цената се зголеми за 3 денари од кутија.

Дел од парите кои ќе се соберат од акцизата платена за цигарите, според најавеното треба да се се користат за подобрување на здравствената заштита на населението. За пушачите пак тоа ќе биде повисок издаток. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести