Отворена сметка и на Оне-Вип за помош за лекување на Горан Темелковски

Горан Темелковски има дијагноза Astrocitoma diffusum (WHO Gr. II) reg. frontalis et corporis callis l.dex, St. post operationem (rediction tumoris), St. post chemoirradiationem, oдносно тумор на мозокот и потребна му е итна операција за отстранување во странство, односно во болницата Sante Plus во Истанбул, Турција.

За оваа операција се потребни минимум 12.000 евра, за самата операција како и дополнителни средства за потребните испитувања, тамошната терапија сочинета од зрачења, хемо терапија,…

Исто така потребни се и дополнителни средства за авионски билет, трансфер, престој за неговата придружба која што треба да ја сочинуваат 2 (две) лица. Болното лице, заедно со придружбата ќе престојува во Турција минимум 7 дена, со можност за продолжување на престојот во зависност од пост – оперативната состојба на пациентот.

Хуманите граѓани може да донираат на бројот 070 143 163 (Телеком) и на 143 467 (Оне-Вип)

Трансакциска сметка за донација за лицето Горан Темелковски, Велес:
210-7000006361-65 НЛБ Банка АД Скопје

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови