Славел, не славел, 8-ми март си чини

Денот на жената, односно на мајката некој го слави, некој не. Најголем дел од современите жени не го признаваат со образложение дека секој ден треба да биде ден на жената и да не се чека 8. март. 

Но, останала традицијата нешто да се купи, барем на мајка, баба, учителка. За да не ти биде срам од другите, бидјеќи тие купиле, а ти не.

Цвеќето е еден од најевтините подароци, една роза чини 100 денари. Претставува убав знак на внимание, ако не си при пари.

Поевтино може да се помине и со некој козметички производ. Купка, млеко за тело, крема може да се најде и за 200-300 денари.

Во зависнот од стилот на жената, предвид доаѓа и шамија која секогаш може да се најде и да освежи некоја комбинација во гардероберот. Истата може да си купи од 600 до 800 денари.

И да изберете ништо да правите, ако имате дете ќе добиете некој подарок. Честитка која не чини ништо, а е најскапа на свет. Бидејќи е направена со чисто детско срце и сета љубов која ја имаат кон мајката.

Прославата некаде пак не се поминува без минимум 1.500-2.000 денари. Но и да не одете никаде, ќе потрошите пари за поклони.

Така што славел не славел, 8. Март си чини.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести