Граѓаните пак чекаат пет до 12 за пријавување данок

Граѓаните повторно чекаат пет до 12 за да пријават данок, односно да достават годишна даночна пријава за остварени екстра приходи во Управата за јавни приходи. 

Уште една недела до крајниот рок за пријавување данок, а само половина од граѓаните доставиле годишна даночна пријава. 

Според податоците од Управата за јавни приходи заклучно со вчера 215.566 лица пријавиле данок, а до следната среда, 15, март кога истекува рокот се очекува над 400.000 граѓани да достават годишни даночни пријави. 

Значи според пресметките оваа последна недела уште половина од граѓаните, односно околу 200.000 лица треба да пријават данок.

Иако УЈП неклку месеци информира, потсетува и ги повикува граѓаните да пријават данок, да не го чекаат последниот рок, дека шалтерите на Управата се отворени да помогнат и при пополнување на пријавата, сепак навиките не се менуваат.

Поголем бран на граѓани се очекува последните два дена за пријавување, односно понеделник и вторник.
Ќе се прават редици пред даночните шалтери, ќе се чека со часови.

Исто беше и минатата година кога практично последната недела даночните обврзници ги доставија годишните даночни пријави.

Инаку, сите граѓани кои покрај платата или пензијата имаат и други приливи на пари, мора истите да ги пријават до Управата за јавни приходи, врз основа на што УЈП ќе го пресмета точниот износ на персонален данок што треба да го плати обврзникот.

За оние што ќе задоцнат и ќе го „испуштат“ законскиот рок, даночните власти предупредуваат дека ќе следуваат големи казни од 500 до 1.000 евра. 

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!