Легендарниот џез-состав „The Chick Corea Electric Band” на 2 јули ќе гостува во Скопје

Легендарниот џез-состав „The Chick Corea Electric Band” предводен од култниот џез-пијанист на 2 јули ќе гостува во Скопје. Во склоп на оваа ексклузивна светска турнеја и македонската публика за прв пат, ќе има шанса да го слушне во живо проектот, кој засекогаш ќе остане како дел од музичката револуција во џез музиката.

„The Chick Corea Elektric Band“ е еден од неколкуте џез состави који дефинитивно внесоа револуција во самата уметничка форма во џез музиката. Нивниот истоимен деби албум од 1985г,пристигна како гром од ведро небо,спојувајќи неколку правци,џез,рок,латино и фанк.

Овој класичен квинтет состав: Chick Corea – пијано Dave Weckl – тапани, John Patitucci – бaс, Eric Marienthal – саксафон, Frank Gambale – гитара во текот на осумдесеттите и деведесеттите години издаде неколку албуми, кои што извршија огромно влијание од Хип Хоп музиката, до сите најдобри  џез музичари  на денешнината.

Chick Corea - Пијанист, композитор и лидер на бендот,член на џез „Hall of Fame” и NEA Jazz Master, еден е од уметниците со најголем број на номинации во историјата на Grammy со дури 63 номинации и 22 освоени награди, компонира  музика од класичен стил до авангарда, bebop до jazz-rock fusion, детски песни до камерни и симфониски дела,или како што New York Times го дефинира „Chick е светлост на врелата и вечна младост.”

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови