Имате ли колеги кои се психопати?

1217 Views Mарт 9, 2017 Office Камелија Делија

За психопатите велат дека се безкрупулозни, манипулативни и дека се раководат само врз основа на сопствените интереси и се однесуваат социјално неодговорно.

Тие се преценуваат самите себеси и сакаат возбуда поради што носат различни одлуки кои може да го загрозат успехот на компанијата. Благодарение на шармот, лесно остваруваат успех во кариерата.

“Во САД секој петти директор е психопат“, е заклучокот на истражувањето на австралискиот научник Нејтан Брукс од универзитетот “Бонд“ објавен минатата есен.

Најновата студија на универзитетот во Бон покажува дека тоа не мора да биде лошо. Тие, освен темната страна на психопатијата, идентификувале и светла страна која таквата личност ја води кон успех, но без загрозување на колегите во компанијата. Тие разликуваат “токсичен“ и “добронамерен“ облик на психопатија.

„Токсичниот облик е карактеристичен за антисоцијална импулсивност“, вели Жерард Билк од институтот за психологија.

Тој истакнува дека таквите личности не можат да се контролираат, земајќи го тоа што го сакаат, делуваат без претходно размислување и ја префрлаат вината на други.

„Потенцијалниот добронамерен облик на психопатија се нарекува бестрашна доминантност. Таа може да се развива и во негативна, но и во позитивна насока„, објаснува, ко-авторот на студијата Нора Шит.

Луѓето кои ја имаат ата особина не познаваат страв, имаат изразена самодоверба, располагаат со социјални вештини и се  многу отпорни на стрес.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести