ЕКСКЛУЗИВНО: Ретки минерали од Алшар се продаваат на e-bay по багателни цени

Како што во неколку наврати пишуваше „еМагазин“, македонското национално богатство секојдневно се продава на онлајн сервиси за продажба и на аукции на реномирани аукциски куќи.

На еден од најпознатите сервиси за онлајн продажба e-bay лица од Виена, Австрија и од Тенеси, САД нудат на продажба ретки примероци на лорандит и реалгар по цени од 32,99 односно 9,99 долари за парче.

Лорандит е талиумов арсеничен сулфат кој прв пат е откриен во рудникот Алшар во Македонија во 1894 година и е именуван по Е.Лоранд, физичар од универзитетот во Будимпешта.



Станува збор за многу редок минерал за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија или можеби уште на Шри Ланка. Неговата моќ експертите ја гледаат во тоа што единствено тој природен елемент во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето.

За него се вели дека има натприородни-неземјени својства. Во Македонија го испитувале и научници од НАСА.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ФОТО) Редок печат на македонските револуционери од 19 век се продава на e-bay

Македонски икони се продаваат на аукции во реномираната аукциска куќа „Сотби“

ЕКСКЛУЗИВНО: Ретки монети од Стоби се продаваат на e-bay

Паско Кузман за монетите од Стоби кои се најдоа на e-bay: Државата треба да регира на вакви јавни продажби на нашето богатство

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!