Уште едно бебе на пат: Марк Цукерберг ќе стане татко по вторпат

„Таткото“ на Фејсбук, Марк Цукерберг објави дека неговата сопруга Присила Чан е бремена и дека за неколку месеци ќе добијат уште едно девојче.

- Кога дознавме дека е повторно бремена, прво - се надевавме бебето да е здраво, а потоа се надевав дека е девојче... Многу сум среќен што Маџ и нашето (второ) бебе ќе се имаат една со друга, напиша Цукерберг на Фејсбук.

Двојката веќе ја има 15-месечната Маџ, а среќниот татко призна дека не очекувале уште едно бебе, со оглед на тоа дека Присила и првиот пат едвај останала бремена.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!