Картелско здружување: ЕУ казни со 155 милиони евра, шест производители на клими за коли

Европската унија казни шест производители на клима уреди за автомобили и делови за ладење на мотори со вкупно 155 милиони евра, поради картелско здружување.

Европската комисија соопшти дека доставувачите на автоделови - германскиот „Бер“, јапонските „Калсоник“, „Денсо“, „Панасоник“ и „Санден“ и францускиот „Валео“, ја признале вмешаноста во картелот и дека се согласиле за договор.

Со истрагата е утврдено дека постојат четири одвоени картели вклучени во снабдување на компоненти од различни автомобилски компании, меѓу кои се групациите „Фолксваген“, „Дајмлер“, „Сузуки“ и „Рено-Нисан“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови