Springfield 2017: Морнарски пруги, цветови и живописни бои, новата сезона нека расцвета во вашиот плакар

Морнарски пруги, цветови и живописни бои, новата сезона нека расцвета во вашиот плакар.

РЕТРО-СПОРТСКИ СТИЛ

Колекција која е инспирирана од 80-тите години, со младешки дух и лежерен стил. Комбинирањето на колор-блок боите како црвена, зелена и сина доминираат на ретро-спортските парчиња. Џинсот и патиките  го комплетираат изгледот.

МОРНАРСКО

Секоја пролетна сезона, дел од колекцијата е инспирирана од морнарскиот стил , во индиго сини, црвени и бледокафеави нијанси, надополнети со пругасти шари, цветни принтови и везови. Сината памучна парка ќе биде ваш постојан придржуник во секодневниот изглед.    

ЕВРОПСКИ ДУХ

Линија во која преовладува европскиот стил во палета на свежи и светли тонови како сина, бела и беж боја. Ригите се клучни шари на маиците и џемперите кои се комбинираат со слим-фит чино-панталони, џинс јакна и кремаст мантил.

ОРИЕНТАЛНИ ЦВЕЌИЊА

Пастелно розовите тонови, сивите нијанси и резеда бојата ги рекреираат јапонските флорални мотиви на јакните, фустаните и блузите.  Урбани парчиња со женствен изглед. 

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ ВО БОИТЕ НА ПРИРОДАТА

Пролетта ни пристига. Колекција со еднобојни парчиња во природни тонови, на кои преовладуваат портокаловата, зелената и сината боја. Едноставни принтови на џемперите и маиците, со ефект на избледување, чино панталони во различни бои и шорцови за урбани пролетни прошетки.

БОТАНИЧКА ГРАДИНА

Живописните бои доминираат во машката колекција, а мотивите на ориентална градина и ботаничките цвеќиња се клучни елементи во женската линија.

Зелени, бледорозови и сини нијанси се основните бои кои преовладуваат на фустаните и на кошулите. Овие парчиња се комбинираат со џинс со избледен ефект и искинати детали за тренди и удобен изглед. 

Кошулите се важни парчиња за оваа сезона и истите ги има во различни шари и стилови. Цветни принтови, везови и пруги се задолжителни за сезоната која ни претстои!     

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести