(Видео) LEGO турнири викендов во Skopje City Mall

Интернационалниот LEGO фестивал кој започна на 04.03 а ќе трае сѐ до 26.03 во Skopje City Mall, продолжува со активностите за своите посетители.

Покрај изложените 3Д LEGO фигури, работилниците и зоните за играње, посетителите викендов од 10:00 до 22:00 часот ќе можат да учествуваат и во LEGO турнири, каде ќе ги очекуваат многу награди.

Во продолжение погледнете го видеото и почувствувајте го светот на LEGO коцките, а за комплетно доживување посетете го Skopje City Mall и со вашето семејство уживајте во интерактивни, креативни и едукативни содржини и активности.

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови