Како да бидете добар шеф: Пет работи кои навистина функционираат

569 Views Mарт 11, 2017 Office Камелија Делија

Доколку размислувате да се впуштите во сопствен бизнис или тоа веќе го правите – секоја чест за претприемачкиот дух. Улогата на шеф е голем залак и уште поголем предизвик, за кој навистина треба да имате “цврст желудник”.

Но, тоа не значи дека треба да се откажете од таа идеја – само потрудете се да го дадете својот максимум, дури и повеќе од тоа.

Еве неколку совети кои ќе Ви помогнат навистина да бидете шеф во вистинска смисла на зборот, кој вработените ќе го обожаваат.

Вработете вредни луѓе и верувајте во нив!

Кога вработените знаат дека им верувате, тие се чувствуваат вредно и значајно за фирмата и со тоа ќе дадат сè од себе да ја одработат својата задача. Ценете ги своите вработени, поддржувајте ги, дајте им ги сите потребни информации и бидете им на располагање. Тие сигурно ќе го ценат фактот што сте го забележале нивниот труд и поради тоа ќе сакаат повеќе да вложат во себе.

Не се плашете да ги признаете грешките!

Од Вас како шеф се очекува да бидете безгрешни, да знаете сè, да знаете како најдобро да ја завршите работата ... па и не! Понекогаш можете и самите да погрешите, но важно е да бидете доволно храбри тоа да го признаете. Дури и пред Вашите вработени. Тоа ќе изгради доверба помеѓу Вас, а знаејќи дека и Вие самите понекогаш не сте свои, ќе им помогне и тие полесно да ги признаваат своите грешки. 

Научете ја работата која ја барате од другите!

Бидете упатена во сè што Вашите вработени работат и бидете спремна да им помогнете, да ги поддржите и да се борите заедно со нив. Кога знаете што тие работат и како го работат истото, полесно ќе Ви биде и Вие самите да се организирате и добро да ја прераспределите должноста. 

Искрениот коментар е најважен!

Од големо значење е да разговарате со Вашите вработени. Искрено и за сè. Тие би требало да знаат што прават добро, а што не, со цел да можат да се надоградуваат како личности. Ваквите разговори не се секогаш пријатни, но добро е да бидете искрени меѓу себе. Доколку видите дека нешто не е како што треба – реагирајте веднаш.

Бидете добар слушач и потрудете се да најдете решение на проблемот!

Кога некој од Вашите вработени има проблем, многу е важно добро да го сослушате и да ја согледате целата ситуација. Секогаш бидете фокусирани на решавање на проблемите, со што би стекнале доверба кај луѓето со кои работите.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести