Бугарија лидер во ЕУ според бројот на сиромашни

Бугарија останува на чело во Европската унија (ЕУ) по удел на луѓето во ризик од сиромаштија, социјално исклучување и сериозни материјални проблеми, покажуваат податоците на Евростат.

Во 2015 година процентот на населението во ризик од сиромаштија и социјално исклучување е зголемен до 41,3% во однос на 40,1% во 2014 година, што ја рангира Бугарија меѓу ретките земји со раст на овој показател.

Вкупниот број на луѓето во Бугарија кои живеат во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, во 2015 година е приближно три милиони луѓе. Во 2010 година, сепак, нивниот број бил над 3,7 милиони луѓе, покажуваат податоците на Евростат.

Втора во ЕУ по удел на населението во ризик од сиромаштија и социјално исклучување е Романија, а понатаму следат Грција, Латвија, Литванија, Хрватска и Кипар.

Најнизок е процентот на населението во ризик од сиромаштија и социјално исклучување во Чешка - под 15%, Шведска (16%) и Холандија (малку над 16%).

За периодот 2014-2015 година процентот на населението во ризик од сиромаштија во ЕУ се намалува во поголемиот дел од земјите. Најсилно е намалувањето во Унгарија - со 3,6 процентни поени, и Романија - со речиси 3 поени. Во Словачка нема промена, додека во Литванија се регистрира раст од 2 процентни поени, во Кипар - со 1,5 поени, а во Бугарија - 1,2 поени.

Во споредба со 2010 година процентот на населението во ризик од сиромаштија и социјално исклучување во ЕУ е речиси без промена. Единствено во Грција, Кипар, Италија, Шпанија и Естонија се забележува значителен пораст, иако највисок е тој во Грција поради кризата во земјата - 8 процентни поени.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести