ЕУ го укина традиционалното “фемили фото“ за да има помодерен имиџ

ЕУ донесе одлука за прекин на традицијата за групно фотографирање на учесниците на средбите на врвот на Унијата, популарно познато како „фемили фото“, со цел „да го модернизра имиџот на европските институции“. 

Досега традиционално, лидерите на земјите членки на ЕУ правеа заедничка фотографија за време на нивните самити, што беше оценувано како израз на единството на Унијата.

Меѓутоа за време на последниот Самит на ЕУ, што вчера и завчера се одржа во Брисел, Европскиот совет ги информира медиумите дека нема да има „фемили фото“.

- Идејата на ваквата одлука е да се добие помодерен визуелен имиџ, изјави висок европски дипломатски претставник, кој побарал анонимност.

Според него, ваквата идеја ја дал претседателот на Европскиот совет, Добалд Туск, со цел да не се губи непотребно многу време за групно фотографирање на учесниците на средбите, во услови кога тие често траат и до доцна во ноќта во обид да се усогласат ставовите.  

Европскиот дипломат нагласи дека ваквата одлука на Советот нема политичка позадина.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести