(Видео) Градежен работник со ангелски глас сака да стане Павароти

Бразилецот Дави Оливеира, кој во Сиднеј работи како градежен работник, има амбиција да стане оперски пејач, поради што и дошол во Австралија.  

Тој сака да го школува својот глас и сериозно да и се посвети на уметничката кариера. 

Дави планира да се запише на Музичкиот конзерваториум во Сиднеј, а додека ја оствари оваа цел нашол работа во градежниот сектор.

Тој стана планетарно познат откако неговиот колега Патрик Китинг објави видео снимка на која Дави пее арија од операта „Турандот“ на Пучини. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!