Колку чини една вечер пред телевизорот?

Дури и најнеуморните талкачи, понекогаш сакаат да одморат, да седнат дома пред телевизорот и да гледаат телевизија. Знаете ло колку чини тоа задоволство во различни земји во светот?

За споредба, изданието iBusiness направи споредба неколку производи кои најчесто ги конзумираме додека седиме пред малите екрани со идентичен бренд, во исти ланци на супермаркети и продавници во неколку земји во светот за да ја направи разлика каде е најскапо, а каде е најевтино.

Обично човек седнува пред телевизор или сам или со пријателите и најчесто сака на масата пред него да има чипс и пиво. Сепак трошоците вклучуваат и троседот на кој седи, како и цените на телевизорите на кои гледа телевизија.

Истражувањето покажува дека пакет од шест пива по 0,33 литри се најскапи во Полска и чинат 14,5 евра, а најевтини се во Русија каде може да се купат за само 6,6 евра.

Криглите во кои се налева пивото во Грција се најскапи и чинат 2,4 евра, додека пак најниска цена имаат во Шведска од само 60 центи.

Што се однесува до чипсовите, тие се најскапи пак во Русија и чинат 2,7 евра, а најевтин чипсот е во Грција и чини 1,7 евра.

Троседот пак е најскап во Австралија и чини просечно околу 490 евра, додека на второ место по цена на чинење на тросед е Русија со 331,6 евра.

Најевтини се троседите во Португалија каде чинаt 217,5 евра.

Така според пресметката Русинот за една вечер пред телевизорот треба да потроши 601 евро, а најскапо си поминуваат Гермација кои за една вечер пред малите екрани треба да потрошат 649,2 евра. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!