Што се гради “Трансмет“ со која управуваше Сеад Кочан

Компанијата “Трансмет“ со која до пред извесно време управуваше бизнисменот Сеад Кочан за кој Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, работи на неколку инфраструктурни проекти од јавен интерес.

Судот во четвртокот му одреди мерка притвор на Кочан за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство за тендер во 2011 година, но не беа превземени никакви мерки за компанијата “Трансмет“, и сметката на компанијата за сега не е блокирана.

Според решението на Основниот суд Скопје 1, Сеад Кочан повеќе не е управител на „Трансмет“. Сега во компанијата е советник.

еМагазин направи пресек на кои проекти работи компанијата “Трансмет“.

Последен поголем тендер кој го доби градежната компанија беше изградбата на обиколницата која беше оштетена по поплавите кои летово го зафатија скопскиот регион.

Компанијата го доби овој договор без тендер, односно како што информираа од Јавното претпријатие за државни патишта поради итноста на проектот, договорот е склучен во четири очи. Вредноста на овој договор е околу 3,6 милиони евра.

“Трансмет“ работи и на изградба на автопатот Кичево-Охрид откако склучи договор со кинеската компанија “Синохидро“ која го доби тендерот од државата за овој автопат. Вредноста на градежните работи кои “Трансмет“ ги извршува како подизведувач се 78,6 милиони евра.

Компанијата „Трансмет“ е и дел од неколкуте компании кои учествуваат во реконструкцијата на барокните фасади во Скопје. Вредноста на градежните работи е околу 1,3 милиони евра.

Оваа компанија лани го доби и тендерот во износ од речиси 1, 7милиони евра за реконструкција на фасадите на објектите за Министерството за труд и социјала, Државниот завод за статистика, Трговскиот центар „Палома Бјанка“.

Градот Скопје ја избра за најповолна понудата на компанијата „Трансмет“ за изградба на новата фонтана со прскалки на Плоштадот Македонија, а вредноста на договорот изнесува 2,4 милиони евра.

Меѓудругото „Трансмет“ учествува и во изградба на третата фаза од проширување на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, изградба на велосипедска патека, а се јавува и во јавно –приватно партнерство со општина Ѓорче Петров во изградбата на бизнис центаро „Емпорио“ каде што еден дел е наменет за општинската зграда.

Изградбата на овој објект чини 30 милиони евра.

Фото: Билд

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Меѓународна потерница за Сеад Кочан: Кои други бизнисмени и политичари ги бара МВР

Додевски: Поднесено барање за укинување на мерката притвор за Кочан

Додевски: Судот незаконски издал наредба за притвор за Сеад Кочан

СЈО: За одлуката за притвор на Сеад Кочан дознавме од медиумите

Судот го објави решението со кое се бара 30 дена притвор за Сеад Кочан

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!