Шведска го има најдобриот пасош во светот, македонскиот на 76. место

745 Views Mарт 12, 2017 Свет Камелија Делија

Според најновиот извештај на консултантската куќа „Номад капиталист“, според сите параметри, Шведска има најдобар пасош во светот, поради што државјаните на таа земја уживаат бенефити, кои во многу земји не постојат.

Шведските државјани имаат бесплатно здравствено осигурување, бесплатно образование, платени годишни одмори и поради сето тоа, Шведска го има најпожелниот пасош во светот, пишува Индепендент.

Пасошите на државите рангирани се врз основа на анализа, во рамките на која се разгледувани фактори како безвизен режим, граѓански слободи, оданочување, глобален углед и други параметри.

Од 199 држави, опфатени со истражувањето, Шведска е на прво место, зад неа се Белгија, Италија па Шпанија, Велика Британија е на 16. место, а САД дури на 35. место.

Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Словенија, која со САД го дели 35. место, Хрватска е на 49, Србија е на 73, Македонија и Црна Гора се на 76., а Бих е на 85 место. На 199. место е Авганистан.

Студијата покажа дека државјаните на Шведска имаат безвизен режим со 176 земји во светот и имаат можност да работат во странство, а да не мораат да платат данок во својата земја. 

Целиот извештај може да се види ОВДЕ.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!