Американскиот конгрес одлучи: НАСА ќе испраќа луѓе на Марс

Првпат после шест години, двата дома на Американскиот конгрес усвоија закон со кој се одобруваат средства за НАСА и и се даваат нови мандати на вселенската агенција. Исто така, се бара од НАСА да направи план за испраќање луѓе во близина или на површината на Марс до 2030 година.

Изработката на законот траеше неколку месеци, а агенцијата сега располага со 19,5 милијарди долари. Во 2016 година НАСА доби 19,3 милијарди долари, или 0,5 отсто од вкупниот сојузен буџет.

Со законот се повикува НАСА да продолжи да ја развива програмата „Space Launch System“ и вселенската капсула Орион за да може да се отпатува на Марс.

Доналд Трамп во својот инаугурациски говор изрази поддршка за истражувањата на Марс и истакна дека е подготвен за „отклучување“ на вселената. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!